СТАНДАРД life
Балкан микс

(ВИДЕО) ТАИРОВИЌ НА МЕТА ПОРАДИ БАКШИШИ: Пејачката во Америка зема пари од публика, а бакнува и долари

Босанската пејачка Теа Таировиќ е позната по тоа што и се „лепат парите“. Пејачката каде и да настапува е опкружена со голема сума на пари, а таа не ја одбива.

Пејачката моментално е во Америка каде има турнеја, а на социјалните мрежи се појави видео на кое пејачката зема бакшиш, бакнува долари и продолжува да ја забавува публиката во ритамот на музиката.

Сепак, иако има огромен број обожаватели, ова не им се допадна на членовите на мрежата „Х“, па ја нападнаа дека претерува, а со оглед на тоа колку популарна стана, не е многу добро и на клупски настапи да зема бакшиши.

„Те молам кажи ми дека ова не е вистина“, „Ги зеде од нечија рака“, „Зошто ова“, беа само дел од коментарите.

Да потсетиме, Теа неодамна на еден свој концерт ги бришеше солзите со банкнота од 100 евра. И тоа наиде на различни коментари, но таа не беше многу потресена од тоа.

Поврзани вести

Џина Џиновиќ уживаше на состанок со Џејк Пол, позирајќи во ресторан во Монте Карло

Urednik

Наташа Шавија тврди дека Кариќ претепал и друга девојка: Се заканува и со видео

Radmila Tasevska

На Лепа Брена и беше одобрена пензија: Дали ќе се повлече од сцената?

Urednik