СТАНДАРД life
Балкан микс

(ВИДЕО)„Лејди Гага од Али Експрес“: Фановите разочарани од новиот спот и песна на Карлеуша

Јелена Карлеуша вчера ги објави првата песна и спот од нејзиниот 11 студиски албум наречен „Алфа“.

Карлеуша направи пауза од 11 години кога беше во прашање издавањето на новиот албум, а за новиот материјал зборува со години. Иако често најавуваше дека песните „штотуку ќе излезат“, нејзините обожаватели со години останаа лишени.

„Дивата“, како што често се нарекува, викендов конечно објави нова песна која ја нарече „Карлиб*ч“.

Видеото се отвора со крупен кадар на Карлеуша која носи зелена маска со трње на главата, а пејачката потоа ги изговара следниве зборови:

„Секогаш сум се трудела да бидам на вистинската страна. Предизвикувана, фалена, што и да е. Емоциите, страста, имагинацијата ме внесоа во вашиот живот. За некои нормална, за други изрод, но во се секогаш – алфа“.

Карлеуша потоа почнува да пее, а вниманието на јавноста несомнено ќе го привлече текстот потпишан од Мими Мерцедес.

„Велат невкусно и кич, сине Карли, божји камшик е, подобро кажи ми каков е вкусот на сокот од мојата пи*ка“, вели Карлеуша додека си игра, меѓу другото, во стаклен кафез.

Потоа ја гледаме како вози автомобил, а тој кадар, како и целокупната естетика на таа сцена, неодоливо потсетува на дел од спотот на Лејди Гага и Бијонсе за песната „Telephone“.

Времетраењето на првиот спот од албумот „Алфа“ е над пет минути, но самата песна „Карлиб*ч“ трае само две минути и 17 секунди.

И останатите осум нумери од ова издание не надминуваат две минути, а само една песна трае подолго од три. И ова е причината поради која фановите на Карлеуша истакнаа дека се чувствуваат малку разочарани, а многумина ја нарекоа Лејди Гага од Али Експрес.

Поврзани вести

Ѕвездата на „Јужен ветер“ ја спореди сопругата со Моника Белучи!

Urednik

Еве како изгледаше Ана Николиќ на почеток на кариерата (ФОТО)

Urednik

Ацо Пејовиќ оваа песна ја нарече „лична карта“: Малкумина знаат дека двајца наши легендарни пејачи одбиле да го отпеат тој хит

Radmila Tasevska