СТАНДАРД life
Стил

Луксузно: Во стајлингот на Меган Маркл доминираа парчиња по кои копнеат модните зависници

Поранешната американска актерка Меган Маркл е видена на улиците на Санта Барбара во уште едно елегантно издание постигнато со луксузни парчиња потпишани од реномирани дизајнерски брендови.

И покрај необичните морнарско сини кружни налепници залепени на левиот зглоб, војвотката од Сасекс привлекува внимание со својот моден избор на улиците на Санта Барбара.

Гардеробата на поранешната американска актерка е преполна со елегантни парчиња, од кои некои со години ги посакуваат модните зависници ширум светот.

Таков е случајот со шопинг чантата од брендот Goyard и „слингбек“ чевлите на Chanel, кои доминираа во новиот стајлинг на 42-годишната војвотка.

Со овие додатоци таа го заокружи изданието на тивок луксуз постигнат со парчиња како свилен шал од модната куќа Hermes и капут во боја на камила од Max Mara, иако беа пријатни и топли 23 степени во овој дел на Калифорнија.

Под палтото што го носеше Маркл се гледаше бела комбинација од џемпер и тесни фармерки на брендот Frame, дополнети со црн појас на модната куќа Givenchy.

Изданието на Меган Маркл создадено со луксузни парчиња потпишани од водечките брендови во светот на модата го вклучуваше и рачниот часовник Tank Française од Cartie, чиј претходен сопственик беше мајката на Хари, британската принцеза Дијана.

Меган Маркл блеска во неодолива неутрална нијанса која одлично се вклопува со исончаниот тен

Поврзани вести

(ФОТО)Модниот настан на Vogue во Лондон привлече армија познати личности

Urednik

📷Џенифер Лопез каква што уште не сме ја виделе: Ја покажа својата откачена страна, но и новата фризура

Urednik

📸🎥Новата фризура на Ева Лонгорија изненади многумина и предизвика бројни коментари

Urednik