СТАНДАРД life
Балкан микс

За легендарната Тереза ​​Кесовија годините се само бројка: Таа ја откри тајната на нејзиниот добар изглед…

Тајната на изгледот е всушност тоа што не се откажувам. Само не сакам да признаам години, годините не постојат за мене. Кога се чувствувам малку полошо, тогаш одморам малку и тогаш се е ок. Мора вака, па како поинаку, изјави пејачката Тереза ​​Кесовија (85) за „Стори“.

И покрај тоа што е во деветтата деценија, музичката дива не запира. Таа ја сними песната „Као некада“ со колегата Борис Шток (45), а неодамна објавија и видео запис.

– Таа бараше дует, а подобар интерпретатор од Тереза ​​нема. Само нека има здравје – изјави Шток во септември.

Зад Тереза ​​стојат тешки денови. Кон крајот на август заврши во болница. Не сака да се пишува за тоа, ниту тогаш не сакала. Рекла само дека „не е добро“, и дека лекарите добро се грижат за неа и дека наскоро ќе биде дома. Делот за кој не сакаше да зборува, бидејќи мисли дека има многу луѓе на кои им е потешко од неа, е дека тоа не беше „обична вртоглавица“, туку срцев удар.

– Вистина е, тоа беше срцев удар и, да дојдов само половина час подоцна, немаше повеќе да бидам таму. Отидов на коронографија, а тоа страшно ме болеше, неописливо е – изјавила Тереза.

Сега е добро. Пеењето ја враќа во живот.

-Тоа е мојата најголема радост. Секогаш велам: „Ако сакате што поскоро да умрам, забранете ми да пеам“ – признала таа.

Поврзани вести

Искршен локалот на Миа Борисављевиќ

Radmila Tasevska

Петар Грашо за Алба: „Хана менува пелени, јас имам концерти навечер“

Urednik

Веганството започна од мака, открива Јелена Ѓоковиќ за својата исхрана

Urednik