СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

10 професии кои нудат БРЗО ВРАБОТУВАЊЕ, високи ПЛАТИ и можност за НАПРЕДУВАЊЕ

Во моментот, најпопуларните професии на пазарот на трудот, во најголем дел, не беа ни познати пред неколку години, што е шанса за генерацијата родена помеѓу 1985 и 2000 година (милениумска генерација).

Милениумската генерација е моментално најбројна, но и најобразована работна сила во светот, која скоро целосно порасна во дигиталниот свет. Членовите на оваа генерација одлично ги користат социјалните медиуми, кои се користат не само за забава, туку и за образование, но и за работа. Тие ги задоволуваат своите амбиции во професии како што се експерти за социјални мрежи, експерти за рекламирање и аналитичари за бази на податоци.

Списанието „Career Cast“ објави список со најбараните професии на припадниците на оваа генерација.

1. Специјалист за рекламирање

Извештајот објавен на веб-страницата AdWeek.com покажува дека во последните пет години, стапката на вработеност на членовите на генерација Y во рекламната индустрија е зголемена за осум проценти. Интересно е и да се напомене дека дури 44 проценти од целата рекламна индустрија се состои од членови на генерацијата родени помеѓу 1985 и 2000 година. Поради увид од прва рака во генерациските трендови, тие се барана возрасна група во оваа индустрија.

2. Градежен инженер

Зголемениот акцент на инфраструктурните проекти во наредните години ја прави оваа професија една од најперспективните во иднина.

3. Аналитичар на ИТ-системи

Од технолошкото знаење што ја карактеризира генерацијата Y, компаниите чија работа се базира на спроведување анализа на ИТ-системи можат да имаат посебна корист.

4. Аналитичар на податоци

Аналитичарот на податоци е професија која сè уште е во повој, сепак вредноста на експертите од оваа област е видлива во многу високите плати. Со оглед на тоа што анализата на податоци е релативно млада гранка, ова е исто така опција за развој на млади професионалци.

5. Финансиски советник

Поради големата побарувачка на пазарот на трудот, како и поради динамичноста на работното место, работата на финансиски советник е многу привлечна за помладите генерации. Финансиски советник е професија која обезбедува значителни можности за професионално напредување, што е исклучително важно за членовите на генерацијата Y.

6. Пазарен аналитичар

Истражувачи и аналитичари на пазарот собираат податоци за пазарот и потрошувачите и помагаат во користењето на тие податоци во деловната практика и политиката на компанијата. Познавањето на пазарот, потрошувачката и потрошувачите е основа на секоја пазарно-претприемничка активност. Побарувачката за оваа работа расте во последно време, а високиот удел на млади луѓе во оваа професија покажува дека оваа професија има ветувачка иднина.

7. Физиотерапевти

Побарувачката за нови физиотерапевти расте во последно време поради големиот процент на бејби бумери (родени помеѓу 1946 и 1964 година) кои, поради нивната возраст, сè повеќе бараат услуги за физиотерапија.

8. Експерт за социјални мрежи

Генерацијата Y одлично ги владее социјалните медиуми и затоа компаниите имаат тенденција да ангажираат млади луѓе за да ја зголемат интерактивноста со своите клиенти или потрошувачи преку каналите на социјалните медиуми.

9. Инженер за софтвер

Инженерите за софтвер денес се едни од најдефицитарните кадри и затоа се барани на пазарот на трудот, а нивните плати честопати се значително повисоки од просечните.

10. Статистичар

Во голем број индустрии, можностите за статистичари растат. Вештините на младите статистичари се барани на пазарот на трудот, така што ова е една од најдобрите области за генерацијата родени помеѓу 1985 и 2000 година.

Поврзани вести

Историски пад на потрошувачката на пиво во Германија

Влатко Зорба

Се продава Порше на Марадона на аукција

Влатко Зорба

Принцот Хари има нова работа: доверена му е многу ретка улога во корпоративниот свет

Влатко Зорба