Туристичката организација (ТО) од Тиват годинава ќе ја реализира кампањата „Твојот одмор е во Тиват“, што им овозможува на локалното население и гостите од регионот да останат во приватно сместување по многу поевтини цени од 20 до 25 евра за една ноќ, пренесува РТЦГ.
Директорката на ТО Тиват, Даница Чераниќ Бањевиќ, рече дека ова значи дека четиричлено семејство со двајца возрасни и две деца до 11 годишна возраст може да плати за шест ноќевања во Тиват по цена од 120 до 150 евра.
„Идејата е да се започне дигиталната промоција на кампањата на пазарот во регионот многу скоро, пред се во Србија и Босна и Херцеговина, бидејќи не е потребен ПЦР тест од тие земји за влез во Црна Гора“, додаде Чераниќ Бањевиќ.
Сопственикот на хотелот „Си Поинт Апарт“, Ѓуро Матијевиќ, рече дека е задоволен што кампањата се организира и оваа година.
„Очекуваме подобра зафатеност оваа година. Треба да се води внимателна политика на цени и да се прилагодат цените и да се направат достапни за гостите од регионот“, истакна Матијевиќ.
„Кампањата по овие цени ќе важи до 15 јули, по што ќе се продолжи под изменети услови“, објасни Чераниќ Бањевиќ.