Стандард
КОМПАНИИ

Toyota и Tesla би можеле да станат партнери

Toyota и Tesla се на работ на партнерство за развој на нова платформа за иден електричен SUV. Наводно, Toyota би ја обезбедиле архитектурата, додека софтверскиот дел треба да го направи американската компанија.

Информациите велат дека со ова ќе се создаде нов модел кој ќе биде член на SUV сегментот и секако на EV. Наводно станува збор за возило чија цена треба да биде 25.000 американски долари и што денес се смета за релативно достапен модел кога станува збор за електрични автомобили.

Сепак, никој од споменатите производители досега не реагираше на гласините кои доаѓаат од далечна Азија. Се чини дека е малку нереално да постои соработка помеѓу Tesla и Toyota, но не би било првпат овие брендови да постигнат некаков вид на партнерство.

Не толку одамна, во 2010 година, Тoyota купи акции на Tesla за 50 милиони долари. Во тоа време, американската марка работеше на проект за развој на електричен RAV4. Но, Toyota ги продаде сите акции на Tesla во 2017 година и оттогаш нема удел во производителот на електрични автомобили.

Јапонската марка има самостојни планови во врска со електрификацијата. Нивната желба е 40 проценти од гамата да биде електрифицирана до 2025 година, а 70 проценти до 2030 година.

Поврзани вести

Во време на криза: Walmart вработува 5.000 луѓе дневно

msp-admin

Parler го тужи Amazon

Влатко Зорба

Кој го купи Сава центар за 17,5 милиони евра?

msp-admin