СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

Д-р Филип Станковиќ – научник од Македонија кој работи на развој на иновативни производи во тутунската индустрија

Македонскиот научник д-р Филип Станковиќ од Скопје е еден од 430те научници во Филип Морис кои работат на истражување и развој на иновативни бездимни производи. Отсекогаш верувал во промени и дека соништата може да се остварат со макотрпна работа, труд и малку среќа. Интересната приказна на младиот научник го носи во Соединетите Американски Држави по завршувањето на Машинскиот факултет во Скопје на докторски студии на Универзитетот Washington State, каде се усовршува во своето знаење како експерт за пиролиза, био-горива и хемија на аеросол.

„Токму тематиката на аеросол беше врската со Филип Морис. Не сум пушач, немав чуено за IQOS (ајкос), ниту за сите иновации во тутунската индустрија во последните 10 години и очекувано пристапив со големи предрасуди. Се прашував: Зарем не е се сведено на продажба во тутунската индустрија и оптимизација на процесите? Каков развој воопшто би можело да постои таму? Колку е етички да се работи во една таква индустрија? Како тоа јас како истражувач на био-горива и аеросоли се вклопувам во приказната? Следеше кратко истражување и дискусија со мојот сегашен претпоставен, по која ми стана потполно јасна исправноста на концептот да работам на нови иновативни производи за оние возрасни пушачи кои не сакаат да се откажат од оваа навика”, вели Станковиќ.

Клучот да се влезе во таа приказна беше неговата експертиза за хемискиот состав на аеросолот. “Истражувањето на хемискиот состав на аеросолот е клучен при развојот на нови помалку штетни производи, а истражувањата покажаа дека при користењето на IQOS се ослободуваат помалку штетни материи споредено со цигарите”, раскажува д-р Станковиќ за своето искуство.

Поврзани вести

Се рагледува можноста недела да остане работен ден за угостителите и трговците на мало

Берта Китинска

Загуби од 45 милиони денари во патничкиот сообраќај, од 145 милиони во товарниот

Влатко Зорба

Работата од дома е помалку стресна и попродуктивна

msp-admin