СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Девет совети како да најдете работа по 50-тата година од животот

Бројни трагачи по работа над 50 години за англиски „Телеграф“ изјавија дека биле дискриминирани во интервјуата за работа поради нивната возраст и биле заинтересирани што можат да сторат за да ги спречат ваквите предрасуди.

Некои од нив, исто така, побараа помош при градење онлајн мрежа на контакти преку социјални мрежи, со цел да се зголемат шансите да бидат забележани од работодавците и експертите за човечки ресурси.

„Exertus Jobs“ избра 10 совети кои, доколку сте над 50 години, би можеле да ви помогнат во барањето работа:

1) Не мора да го наведете датумот на раѓање во вашата апликација за работа или биографија.

2) Работодавачот не смее да поставува прашања во врска со вашата возраст на интервју за работа или во која било фаза од процесот на избор.

3) Ако веќе некое време сте биле без работа или сте имале такви периоди во текот на вашата кариера, наведете го ова во вашата биографија. Не лажете или изоставувајте информации – темата сепак ќе се појави во интервјуто за работа, па можете да ја споменете пред самиот разговор. Наместо да кажете дека сте „невработени“, обидете се да ги наведете работите што сте ги правеле за време на периодот на невработеноста, особено ако станува збор за некаков вид дополнително образование или сте решиле да се посветите на семејството.

4) Користете ги вашите контакти. Истражете ги придобивките од социјалните мрежи каде што можете да се поврзете со поранешни или потенцијални работодавци, но исто така и професионалци во областа за која сте особено заинтересирани.

5) Отворање профил на LinkedIn е добар начин да кажете нешто за себе, да ја потенцирате својата експертиза, областа за која сте заинтересирани и да стапите во контакт со потенцијалните работодавци.

6) На социјалните мрежи, има бројни групи во кои можете да се придружите и да учествувате во дискусии и со тоа да се претставите пред деловната заедница. Во такви групи, работодавците често знаат да бараат нови вработени.

7) Дали сте размислувале да пишувате блог? Со оглед на вашата возраст, сигурно имате богато работно искуство и добро можете да ги изложите проблемите со кои се соочува секторот во кој сте работеле.

8) Внимавајте на вашата слика на Интернет, дури и кога имате приватен профил на социјалните мрежи. Внесете го вашето име во пребарувач на Google и проверете какви информации потенцијалниот работодавач може да најде за вас на Интернет.

9) Кога се „рекламирате“, имајте на ум дека вашите вештини и стручност и вашите достигнувања во кариерата мора да дојдат до израз.

Поврзани вести

НАД 3.000 НЕДВИЖНИНИ САМО ВО РИМ: Ватикан има имот во Италија, Велика Британија, Франција, Швајцарија…

Влатко Зорба

Жените ќе се изедначат со мажите за 136 години

Влатко Зорба

Хотелски работник отпуштен затоа што флертувал со лице во изолација

Влатко Зорба