13.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Џоли продаде слика на Черчил за рекордни 9,7 милиони долари

Слика на поранешниот британски премиер Винстон Черчил, сопственост на Анџелина Џоли, е продадена за 7 милиони фунти (9,76 милиони американски долари) на аукција во Лондон.

Продажната цена беше скоро четири пати поголема од прелиминарните проценки и подобри претходен рекорд за слика на Черчил, што беше нешто помалку од 1,8 милиони фунти (2,5 милиони долари).

Мароканскиот пејзаж „Минарето на џамијата Кутубија“, насликана во Маракеш за време на Втората светска војна, била продаден на анонимен купувач, информира Би-Би-Си.

По завршувањето на сликата, Черчил му ја подарил на американскиот претседател Френклин Рузвелт.

Делото на крајот стигна до актерката, откако се појави во продажба во Њу Орлеанс во 2011 година.

Според аукциската куќа Кристи, вкупната цена на сликата, вклучително и провизијата, достигнува над 8,2 милиони фунти (11,4 милиони долари).

Две други слики од Черчил беа исто така изложени на продажба, откако трите дела беа продадени за вкупно 9,43 милиони фунти (13,15 милиони американски долари).

Поврзани вести

Зошто е важно да бидете блиски со колегите ако работите од ДОМА?

Влатко Зорба

Прогласени највлијателните модни икони во светот

Влатко Зорба

Саудиска Арабија гради град со нула јаглерод (ВИДЕО)

Влатко Зорба