СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Volkswagen лансира автономно електрично комбе до 2025 година

Volkswagen објави дека ќе го лансира електронското комбе ID.Buzz со четврто ниво на автономија до 2025 година, откако конвенционалната верзија на возилото ќе дебитира во 2023 година, објавија „Car and Driver“.

Планот на компанијата е автономниот ID.Buzz да биде достапен на корисниците преку компании за споделено патување. Така, автомобилскиот гигант ќе го повтори своето искуство од подружницата Moia. Таа беше пред пет години како дел од групацијата Volkswagen и нуди специјално дизајнирано електрично комбе за изнајмување во два германски града.

Автономното комбе моментално поминува низ теренски проби на технологијата за ориентирање развиена од Argo AI – стартап во кој инвестираа Volkswagen и Ford. Четвртото ниво на автономија значи дека возилото ќе може да вози целосно независно, без потреба од возач, но само во одредени географски региони. Во моментов ниту една автомобилска компанија не нуди такви, а најблиску до ова ниво е Honda Legacy, која во Јапонија ќе има трето ниво на автономија во следната генерација.

General Motors започна со тестирање на четвртото ниво на автономија во Сан Франциско минатата година, а во 2019 година Waymo ги стави на располагање своите целосно автономни возила во Феникс, Аризона.

Поврзани вести

100.000 улични светилки во Хрватска стануваат полначи за електрични возила

Влатко Зорба

Една од најголемите компании за недвижнини во Европа излегува на берза

Влатко Зорба

Може ли биткоинот да го замени златото?

msp-admin