Стандард
КОМПАНИИ

Светот ја добива најголемата рекламна група

Американската компанија за онлајн трговија eBay се согласи да ја продаде својата огласна единица на норвешката компанија „Адевинта“ за 9,2 милијарди долари, со што ќе се создаде најголемата светска рекламна група, соопштија денес двете компании.

Според договорот, eBay ќе добие 2,5 милијарди американски долари во готовина и 540 милиони акции на „Адевинта“, со што норвешката компанија ќе стане најголем акционер во американската компанија со 44 проценти сопственички удел и 33,3 проценти гласачки права, објави „Ројтерс“.

– „Адевинта“ станува најголема компанија за рекламирање преку Интернет во светот, со уникатно портфолио на водечки брендови на пазарот – рече извршниот директор на тој гигант, Ролв Ерик Рајсдал.

Здружената компанија ќе биде присутна на пазарите на 20 земји, а Европа е најголемиот пазар.

Се проценува дека ќе има приход од 1,8 милијарди долари. „Адевинта“ поседува брендови како Лебонкоин, најголемата француска веб-страница за рекламирање преку Интернет, бразилските ОЛКС и уште десетици од нив ширум Европа, Америка и Северна Африка.

Поврзани вести

Рудник САСА обезбеди 200 таблет компјутери за учениците во Македонска Каменица

msp-admin

Убер со видео порака за 3 минути отпушти 3.500 работници

msp-admin

Ролс Ројс развива летачко такси

Влатко Зорба