СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Најбогатите 1% од Американците кријат една петтина од своите приходи

Повеќе од 20 проценти од приходите на најбогатите Американци не се пријавени во Федералната даночна служба на САД, според новата студија за затајување данок во земјата. Според податоците, затајувањето данок е далеку поголемо од претходните пресметки, пренесе „Блумберг“.

Според авторите на студијата, дел од приходот е скриен на различни начини, вклучително и во приватниот бизнис и во оф-шор структурите. Собирањето на сите неплатени даноци на приход од најбогатите 1% Американци би ги зголемило приходите на Министерството за финансии на САД за 175 милијарди долари годишно, покажуваат проценките.

Студијата беше спроведена од Џон Гејтон и Патрик Лангетиг од Сојузната даночна служба на САД и тројца професори, Даниел Рек од Лондонската школа за економија, Макс Риш од Универзитетот Карнеги Мелон и Габриел Закман од Универзитетот во Калифорнија, Беркли.

Во пандемијата во 2020 година, најбогатите Американци пријавиле зголемување на вредноста на нивното нето богатство за околу 4 трилиони долари.

Додека приходите како што се платите, на пример, не можат да се сокријат, профитот од приватниот бизнис и сложените партнерства за инвестиции е потешко да се следат од даночните власти, се вели во извештајот. Неговите автори сметаат дека федералната служба треба да користи „дополнителни алатки“ за „ефикасна борба против затајувањето данок на оние со високи приходи“.

Предлозите што се дискутираат на Конгресот вклучуваат повеќе средства за агенцијата да ангажира специјализирани ревизори и да спроведе понапредни технологии, како и пристап до многу повеќе податоци, вклучително и од банки и други финансиски институции.

Поврзани вести

Штерјова-Душковска: Состојбата во македонската економија е тешка, но не е драматична

msp-admin

Кодекс на однесување на виски фестивали

msp-admin

Германија ќе им плати на пиварниците милиони евра за непродадено пиво

Влатко Зорба