СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Дубаи може да добие ротирачка зграда (ВИДЕО)

Облакодер кој изгледа како некој вид на снимка од СФ-филмови во блиска иднина би можел да стане вистински во Дубаи благодарение на турските архитекти од Hayri Ataka.

Без оглед на ветерот, облакодерот би ротирал на секои 48 часа, нудејќи им на своите станари поглед на Дубаи во сите правци (исто како што е случајот со многу ресторани кои имаат ротирачки тераси) притоа создаваат електрична енергија.

Засега само концепт, футуристичкиот облакодер не е само убав, туку и паметен. Инспириран од ветерници, облакодерот што работи на ветер е составен на три делови во форма на панделки кои ќе ротираат со постојана брзина околу централната оска.

Сè уште не е познато кога паметниот облакодер ќе ја види светлината на Дубаи, но ако сè оди како што треба, тој сигурно ќе се најде на списокот на архитектонски чуда во светот.

Поврзани вести

Хит ВИДЕО: Јованка тврди дека Елон Маск е од Република Српска

Влатко Зорба

Кино-индустријата ја започнува 2021 година со надеж за подобри денови

Влатко Зорба

Ковид-19 трајно ја промени фитнес-индустријата

Влатко Зорба