СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

5 работи за фриленсери кои носат заработка од најмалку 100.000 $ годишно

Пандемијата направи огромни промени во начинот на работа, така што многу експерти ширум светот преминаа во хонорарни работници за време на корона-кризата, барајќи пофлексибилно работно време и подобра заработка.

Во текот на оваа година, секој четврти Американец ќе работи далечински, додека тој број ќе биде уште поголем до 2025 година, така што секој трет Американец ќе заработи пари на овој начин, што е зголемување за 87 проценти во споредба со времето пред пандемијата.

– Ова ќе биде одлична година за работа од далечина. Луѓето ќе сфатат дека ова станува долгорочен тренд, и не само инстант хит – велат во компанијата Upwork, која им нуди работни места на хонорарците ширум светот.

И покрај затворањето на компаниите и губењето работни места поради пандемијата, потребата од хонорарни професионалци расте, особено во финансиите, банкарството, осигурувањето, здравствената заштита и недвижностите.

Важно е само да се има предвид дека работата од далечина може да значи работа од неколку дена во неделата до работа со полно работно време. Сепак, овој начин на работа има многу позитивни страни – им овозможува на работниците да заштедат пари и време при одење на работа, како и да имаат поголема контрола над распоредот.

Соодветно на тоа, Upwork и CNBC составија список со 5 високо платени работни места на кои може да заработите најмалку 100.000 долари годишно.

Систем администратор

Потенцијални работни места: Систем администратор, Инженер за виртуелизација, Облак архитект, Инженер за мрежи

Просечна сатница: 69 долари

Експерт за оптимизација

Потенцијални работни места: експерт за дигитален маркетинг, PPC/SEM експерт , стратег за дигитален маркетинг

Просечна сатница: 66 долари

Дизајнер на производи

Потенцијални работни места: Инженер за дизајн на производи, дизајнер на UI, дизајнер на UX

Просечна сатница: 61 долари

Програмер за смартфони

Потенцијални работни места: Програмер за IOS, Android програмер за апликации

Просечна сатница: 58 долари

Автоматизација на маркетинг и е-пошта

Потенцијални работни места: Мејл дизајнер, мејл стратег

Просечна сатница: 61 УСД

Поврзани вести

Градот каде што жичара е ТРАНСПОРТ за сиромашни (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Џордан „осиромаши“ за 500 милиони долари за една година

Влатко Зорба

Мајстор за попусти во јануари: За 129 евра купила облека за нејзината ќерка и за себе за цела година

Влатко Зорба