СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Пандемијата „уби“ 2.000 пабови: Луѓето навикнаа да пијат дома?

Илјадници британски пабови не ја преживеаја пандемијата, според угостителското здружение.

На оние кои преживеаа ќе им биде потребна финансиска поддршка со години доколку се опорават.

„Многу пабови повторно ќе се отворат со големи долгови“, рече Дејв Маунтфорд од британскиот паб-форум за Sky News во саботата.

Според извештајот, најмалку 2.000 пабови трајно ги затвориле вратите.

„Тие земаа заеми за закрепнување, но оваа индустрија не закрепна“, рече Маунтфорд. Тој додаде дека е нејасно во кој број луѓе ќе се враќаат во пабовите и се прашува дали луѓето се навикнале да пијат дома.

„Да бидам искрен, тоа е прилично мрачна иднина“.

Тие мораа да ја држат вратата затворена со месеци поради карантинот кој постојано беше на сила и претходно воведените регионални мерки. Пивските градини треба да се отворат во Англија од средината на април, објави „СЕЕбиз“.

Поврзани вести

Ги запознаваме ретките болести: Шарко Мари Тут

Влатко Зорба

„Застава 5700“: Мистериозен суперавтомобил кој можеше да стане југословенско Ферари

Во Лондон нема куќа под 500 000 фунти, а побарувачката е голема

Влатко Зорба