СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Исланд практично воведе КОВИД ПАСОШИ

Исланд започна со издавање на првите сертификати за вакцинација, со цел да се олесни патувањето на оние кои се заштитиле од вирусот КОВИД-19, објавија тамошните власти.

Околу 4.800 луѓе на Исланд примиле две дози вакцина за коронавирус и добиле потврда на платформата достапна на Интернет од минатиот четврток, изјави исландскиот министер за здравство за агенцијата „Франс прес“.

Таа посочи дека целта е повторно да се овозможи циркулација на жителите меѓу државите, но исландската потврда во моментов важи само во таа островска држава.

Исланд планира да прими граѓани на ЕУ, во чии земји ваквиот механизам е лансиран или преземен од оној основан од Светската здравствена организација (СЗО).

Исланд не е дел од ЕУ, но тој е во Шенген зоната на слобода на движење, што е ограничено со мерките за борба против коронавирусот.

Дискусија за т.н. Ковид пасошите што го олеснуваат патувањето во моментов се тема на дебата во рамките на ЕУ, но сето тоа е далеку од консензус.

Земји како Грција се залагаат за такво решение за спас на нивниот туристички сектор, но земји како Франција и Германија сметаат дека дебатата е предвремена.

Поврзани вести

Куче наследи 5 милиони долари

Влатко Зорба

Ги запознаваме ретките болести: Штург-Вебер синдром

Влатко Зорба

Дубаи може да добие ротирачка зграда (ВИДЕО)

Влатко Зорба