СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Пандемијата го намали бројот на фалсификувани евра во Австрија

Пандемијата на коронавирус значително ја намали циркулацијата на фалсификувани евро банкноти во Австрија.

Вкупно 1.656 помалку фалсификувани банкноти во евра се запленети минатата година во Австрија, што е намалување за 20,8 проценти во споредба со 2019 година.

Причината за помалиот број на фалсификувани евра во оптек е секако ограничената можност за купување за време на мерките за заклучување.

Вкупно 6.321 фалсификувани монети од заедничката европска валута беа запленети минатата година во Австрија.

Најголемиот дел од фалсификуваните банкноти минатата година била банкнота од 50 евра (29,5 проценти), проследена со банкнота од 20 евра (28,4 проценти), објави Националната банка на Австрија (OeNB).

Повеќето фалсификувани евра биле повлечени од оптек во Виена, каде биле пронајдени дури 26,4 проценти од сите запленети „фалсификати“.

Поврзани вести

Колку често ја проверувате вашата банкарска сметка и зошто е важно да го правите тоа?

Влатко Зорба

Кои услови треба да ги исполните за годинава да летувате во Грција?

Влатко Зорба

Гејтс прими вакцина против Ковид-19: „Се чуствувам одлично…“ (ФОТО)

Влатко Зорба