СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

„КОЈ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА – ВЕДНАШ ОТКАЗ“: Германска компанија има јасен став за вакцините

Раководството на компанијата „Ментруп“ од Германија, која се занимава со поправка на кровови, објави соопштение на Фејсбук дека доколку некој од вработените се вакцинира – тие веднаш ќе бидат отпуштени.

Во текстот на таа компанија пишуваше дека „кој ќе дозволи да му вбризгаат несигурни вакцини, спорни од бројни експерти во светот, ја загрозува стабилноста на работењето на компанијата“, пренесуваат локалните медиуми.

„Ние сме одговорни за сите вработени. Тоа значи постојан обрт, плати на време … Ние одбиваме експерименти со производствените капацитети на нашата компанија за доброто на фармацевтската индустрија. Во тој поглед, ги обучуваме нашите вработени и им го свртуваме вниманието на тоа. Ние сме тим што работиме заедно. Сите имаме задача стабилно да ја водиме нашата компанија, семејствата и семејствата на вработените, низ оваа економска криза. Оние кои не го разбираат тоа, ќе мора да бараат работа на друго место. Ви благодариме за вниманието“, се вели во текстот на оваа компанија.

По критиките, сопственикот на компанијата ја избриша објавата.

„Мојот став во врска со претходната објава – им благодарам на сите срдечно, и тоа го мислам сериозно. Живееме во време кога се сè прифаќа некритички. Вакцинацијата се врши на стари и беспомошни луѓе, и без стручно објаснување, без всушност да се знаат последиците за луѓето. Прифатено е министрите преку стручни гранки едноставно да одлучуваат дека треба да се вакцинирате или да ја изгубите работата. Јас ги имам најдобрите вработени што работодавачот може да ги посака. Ниту ќе го сторам тоа во иднина, бидејќи и онака не зависи од мене. Во петокот, го разјаснивме ова со вработените и го објаснивме објавениот оглас“, напиша сопственикот.

Тој додава дека „никој нема право да на некого против сопствената волја да му ја ускратува вакцинацијата, а особено да му ја наметнува“.

Според „Шпигел“, оригиналната, избришана објава била споделена 3.000 пати за еден ден, и имала 9.000 лајкови.

Сличен случај имаше во Австрија каде што компанија, која се занимава и со поставување покриви, постави оглас за да бара работници со барање оние што биле вакцинирани против короната или планираат да го сторат тоа, да не се пријавуваат, но огласот е избришан, пренесува порталот „Хојте“.

Поврзани вести

Сите лоши шефови имаат барем една од овие 10 особини

Влатко Зорба

Француски монаси во „локдаун“ со 2,8 тони сирење бараат купувачи преку Интернет

Влатко Зорба

Рестораните во Дубаи нудат попусти на вакцинираните гости

Влатко Зорба