СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Понуда за македонските туристи: Тура до „Лидл“ во Врање

Туризмот и угостителството најмногу страдаа за време на пандемијата на коронавирус, но не е сè толку сиво. На туристите од Северна Македонија деновиве им беше дадена посебна можност да го посетат Врање, а посетата на „Лидл“ беше особено истакната како врв на аранжманот. Виралната понуда на туристичката агенција „Јоцо турс“ од Куманово, која нуди еднодневно патување до Врање, со посета на „Лидл“, стана вирална на Твитер, пишува Сибиз.

Во огласот се вели и дека за патувањето не е потребен PCR тест, како и дека тој застанува на „Лидл“ по 14 часот, пред да се врати во Северна Македонија во 17 часот.

Јасно е зошто рекламата одекна на социјалните мрежи.

Иако оваа понуда на многумина им звучи како пародија, продолжува „Сибиз“, всушност и не е толку смешна кога ќе се сетиме на атмосферата што го придружуваше отворањето на овој супермаркет во Србија, редовите на гладни граѓани, тепачките за пилешко и клипот поради кој продавницата беше преименувана во „Линда“, благодарение на баба која стана легенда на Интернет.

Очигледно, за време на пандемијата, туристичките агенции се обидуваат да најдат начин да преживеат насекаде – така што „Лидл“ е доволно привлечен за некои што сакаат само да одат на било какво патување, по повеќемесечна изолација.

И патем, тие веројатно ќе купат неколку намирници за таа недела.

Поврзани вести

10 професии кои нудат БРЗО ВРАБОТУВАЊЕ, високи ПЛАТИ и можност за НАПРЕДУВАЊЕ

Влатко Зорба

Која земја од регионот има најмногу неработни денови?

Влатко Зорба

Дали е подобар моделот 3-2-2 или четиридневна работна недела?

Влатко Зорба