СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Гејтс: Светот се соочува со 3 нови закани, не сме подготвени за ниедна (ВИДЕО)

Во разговор со јутуберот Дерек Милер, милијардерот Бил Гејтс ја изброи целата серија на катастрофи што му се закануваат на човештвото и за кои луѓето не се подготвени.

Биотероризам

Гејтс, кој предвиде пандемија во 2015 година, му рече на Милер дека биотероризмот – кога некој сака да предизвика штета со создавање вирус – е нова „катастрофа“ за која луѓето не се подготвени.

„Имаме поголеми шанси да наидеме на вирус кој е многу повеќе од природна епидемија, како оваа постоечката“, рече Гејтс.

Ова не е прв пат Гејтс да предупредува на биотероризмот како закана полоша од нуклеарната војна. Гејтс во 2017 година на „Редит“, одговарајќи на прашања од фанови, вели: „Загрижен сум за биолошкото оружје што биотерористите би можеле да го користат“.

Истата година, милијардерот за „Телеграф“ изјави дека ќе биде „релативно лесно“ да се направи нов вирус на грип во лабораторија. За разлика од нуклеарната војна, рече тој, кога болеста ќе се ослободи, таа нема да престане да убива.

Климатски промени

Следната катастрофа што ќе не дочека неподготвени, се климатските промени, рече Гејтс. „Бројот на загинати ќе биде поголем отколку во оваа пандемија“, мрачно предупреди тој.

Минатата година, Гејтс во својот блог изјави дека климатските промени ќе бидат исто толку смртоносни како пандемијата и дека ќе бидат пет пати посмртоносни до 2100 година.

„Во следните децениja или две, економската штета предизвикана од климатските промени ќе биде толку голема, како да сме биле погодени на секои десет години од пандемија како актуелнава“, рече тој. „До крајот на векот, ако светот продолжи вака, ситуацијата ќе биде многу полоша.

Нова пандемија

Гејтс му рече на Милер дека, и покрај лекциите што ги научивме од корона-пандемијата, нова пандемија може повторно да предизвика хаос. Неговиот совет? Ако светот беше поподготвен, бројот на смртни случаи немаше да биде толку голем.

„Среќни сме што бројот на жртви не е супер голем, но мора да го скратиме ова прашање во корен. Многу земји сè уште ќе бидат загрозени, но бројот на жртви – со правилен систем, ќе биде десетина од она што го претрпевме сега“, рече Гејтс.

Поврзани вести

Што вели Гејтс: Kои професии ќе доминираат во иднина?

Влатко Зорба

Ги запознаваме ретките болести: Глутарна ацидурија тип 1

Влатко Зорба

Стан во Њујорк: Нема шпорет и бања, а цената е „само“ 1.650 долари (ВИДЕО)

Влатко Зорба