СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Роналдо го сели возниот парк од Торино (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо скоро сигурно ќе го напушти Јувентус, а приказната доби на интезитет во текот на вечерта откако медиумите фотографираа камиони кои ја превезуваат колекцијата скапи автомобили од неговиот дом во Торино.

Долго време се зборуваше за можно заминување на Роналдо. ПСЖ, Манчестер Јунајтед и во последно време Спортинг Лисабон се клубови кои се споменуваат како идна дестинација на овој фудбалер.

На Твитер се појавија снимки што ја поддржуваат приказната за можно заминување. Имено, медиумите во Италија во текот на ноќта забележаа камион, кој ги превезуваше сите скапи автомобили на Кристијано на непозната локација.

Роналдо е познат по својата колекција автомобили, а летото 2018 година ги пренесе сите свои автомобили од Мадрид во Торино. Пред само една недела, тој купи нов автомобил, Ферари Монца, кој го чинеше 1,6 милиони евра.

Најскапиот автомобил во колекцијата на Кристијано Роналдо е Бугати Широн, автомобил вреден 4,2 милиони евра. Овој модел е направен во само 500 примероци, а на Роналдо е посебен затоа што на каросеријата на овој автомобил е врежано логото „CR7“.

Покрај ова, Роналдо поседува и Бугати Вејрон, автомобил вреден приближно 2,5 милиони евра. Максималната брзина на овој автомобил е 415 км на час, додека достигнува 100 км на час за 2,4 секунди.

Ако ја погледнете неговата гаража, можете да најдете и Ламборџини Авентадор, неколку модели на Ферари, Ролс Ројс, Астон Мартин …

Поврзани вести

3 причини зошто не успевате да заштедите

Влатко Зорба

5 карактеристики типични за најбогатите луѓе во светот

Влатко Зорба

Просечната цена на куќа во САД надминува 310.000 долари

Влатко Зорба