СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Што прават успешните луѓе за време на викендите?

Секој зафатен човек едвај чека да се одмори викендот, да ги наполни батериите и да ужива со семејството и пријателите.

Затоа, оние кои имаат слободен викенд, однапред планираат како ќе го поминат.

Но, на многумина им се случува да се вратат на работа по викендот исто толку уморни како што биле кога излегле од работа во петокот пред крајот на работното време.

Затоа е многу важно да се испланира викендот однапред. Business Insider направи список со 14 работи што успешните луѓе ги прават пред и за време на викендот.

1. Планираат однапред

Многу успешни луѓе однапред планираат активности за викендот. На пример, тие резервираат маса во ресторан, договараат кафе со пријателите или планираат некои активности со своите деца. Значи, тие стратешки смислуваат „план за акција“ за викендот, но тие се исто така доволно флексибилни за да можат да се справат со кој било деловен проблем што ќе се појави.

2. Си ја завршуваат работата

Успешните луѓе го сфаќаат мотото „што можете да направите денес, не оставајте го за утре“ буквално, па пред да заминат дома од работа, го чистат своето работно место, ги завршуваат сите задачи со рокови и прават јасен план за активности за враќање работа. На тој начин, тие не размислуваат за работа за време на викендот, тие само одмараат.

3. Поставување „технолошки граници“

Успешните луѓе поставуваат правила за е-пошта и телефон, како за себе така и за луѓето со кои работат. На тој начин, нивните соработници знаат дали ќе бидат достапни во секое време, бидејќи е од голема важност да направат целосна пауза од работата и да имаат предвид дека сè може да почека. Покрај тоа, иако вработените тоа го претпоставуваат, тие често мора да го слушнат од своите работодавци за да можат да се одморат за време на викендот без да размислуваат и да се чувствуваат виновни.

4. Не прават ништо

По бурното темпо во текот на неделата, многу успешни луѓе навистина ги планираат своите активности за време на викендот, но тие планови вклучуваат и малку време кога не прават апсолутно ништо. Работната недела се однесува на рокови и состаноци, така што успешните луѓе уживаат еден час (па дури и еден ден) да бидат без никакви обврски и распореди.

5. Времето го поминуваат со семејството и пријателите

За нас често е тешко во текот на неделата да се фокусираме на оние за кои се грижиме, а викендот е идеално време да поминеме квалитетно време со нив.

6. Тие вежбаат

Успешните луѓе разбираат колку е важно вежбањето за нивното физичко и ментално здравје, така што тие не прескокнуваат тренинзи дури и за време на викендите.

7. Волонтираaт

Многу успешни луѓе сметаат дека „дарувањето“ на слободното време со волонтирање и помагање на други е исклучително наградувачко и дека ги исполнува со позитивна енергија.

8. Тие поминуваат време во природа

Викендот е совршено време да излеземе и да дишеме свеж воздух, особено откако сме заклучени во канцеларијата во текот на неделата. Не е важно дали е лето или зима – искористете го слободното време и одете во природа.

9. Планирајте мини одмори

Некои успешни луѓе планираат еден вид мини годишен одмор во дворот или градината. На овој начин, тие си дозволуваат целосна ментална пауза, но без стрес или планирање што ги носи вистинското патување, по што луѓето често се враќаат на работа во понеделник дури и поуморни отколку што беа во петокот кога (конечно) отишле дома.

Ако сепак сакаат да одат подалеку од дома, препорачливо е да патуваат на некоја помалку далечна дестинација до која ќе патуваат час или два. На тој начин, ќе видите ново место и нема да мора да поминувате премногу време во планирање и патување.

10. Тие поминуваат време правејќи нешто што го сакаат

Викендот е одлично време да се забавувате со вашата омилена активност или хоби, без разлика дали се работи за читање, трчање, дружење со луѓе или шопинг. Направете го она што ве прави среќни и за што генерално немате време во текот на неделата

11. Тие не размислуваат за работа

Ова е тежок предизвик за повеќето од нас, но повеќето успешни луѓе не се вознемирени од претстојната презентација, состаноци или рокови. Наместо тоа, тие се фокусираат на тоа што го прават во моментов.

12. Ги полнат батериите

Сите ние треба да одмараме и да ги полниме батериите од време на време, а успешните луѓе користат викенди за тоа. Тие прават планови и се активни, но исто така се организирани да надоместат пропуштени часови на спиење и да имаат доволно слободно време да се релаксираат.

13. Понекогаш ги заменуваат слободните денови

Некои успешни луѓе земаат некои други слободни денови, па така, во сабота, на пример, тие доаѓаат на работа да бидат сами во канцеларијата и да работат повеќе затоа што никој не им пречи. Значи, ако го имате тој луксуз, сторете го токму тоа.

14. Го штитат вашето време

Успешните луѓе се свесни дека нивното време е драгоцено за да не западнат во замката да губат време на глупости. Особено не за време на викендот.

Поврзани вести

Pizza Hut со нов хит – кора од пица полнета со кашкавал, но без остатокот од пицата

Влатко Зорба

Ги запознаваме ретките болести: АЛСП

Влатко Зорба

Прогласени најдобрите градови за работење од далечина, неколку се од соседството

Влатко Зорба