СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Половина килограм za 10.000 долари: Компаниите за 3Д месо се оптимисти, но дали клиентите ќе плаќаат за тоа?

Во средината на февруари, пишувавме дека американскиот милијардер, Бил Гејтс, сè повеќе бара поодговорен однос на развиените земји кон животната средина, притоа промовирајќи ја својата книга „Како да се избегне климатска катастрофа“.

Потоа ги повика напредните западни земји да преминат 100% на вештачко месо, а некои фарми веќе произведуваат 3Д „печатено“ месо, направено од животински клетки, за да се избегне колење. Исто така, во рестораните започна и сервирањето вештачко месо, како пилешко од лабораторија.

По јавниот повик, сè повеќе компании и стартапи се заинтересирани за производство на вештачко месо, од Амстердам и Лондон до Тел Авив и Лос Анџелес. Всушност, двете најдобро финансирани компании на пазарот за месо лабораториски потекнуваат од Холандија.

Пионерот во оваа област, „Mosa Meat“, сега е оспорен од сегашниот производител „Meatable“, кој штотуку најави нова инвестиција од 47 милиони долари. Компанијата има за цел првиот производ да биде одобрен од европските регулатори до 2023 година, а комерцијалната продажба до 2025 година.

Компанијата сигурно има уште долг пат, бидејќи, како што призна Гејтс во своето интервју за „MIT Technology Review“, не е познато колку е економичен и профитабилен овој бизнис. Покрај тоа, останува големото прашање дали потрошувачите ќе бидат подготвени да преминат на вештачко месо.

Некои компании, како што се „Just Foods“ од Сан Франциско и „Supermeat“ од Тел Авив, веќе продаваат пилешки хамбургери и грутки (chicken nuggets) во избрани ресторани – направени од култивирани клетки. Сите овие организации откриваат дека тие се првенствено фокусирани на животни, кои имаат најголемо влијание врз климатските промени и здравјето на планетата.

За „Meatable“, цената останува проблем во моментот. Компанијата произведува месо по цена од околу 10.000 долари за 450 грама, но, за разлика од конкурентите, тие велат дека произведуваат „комплетно месо“. Ова ги вклучува масното и сврзното ткиво.

Сега, со 35 вработени и ново финансирање, компанијата се обидува да премине од истражување и развој во фазата на производство на храна. Стратешките инвеститори како DSM, една од најголемите компании за биотехнологија на храна во Европа, треба да помогнат.

Поврзани вести

Кина му објави војна на својот најбогат граѓанин

Никола Поповски

Русија ја намалува зависноста од доларот на минимум

Влатко Зорба

Стареат работниците во голем број на сектори во Македонија

msp-admin