СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Привршува откупот на вишокот тутун

Привршува откупот на вишокот тутун, проценет на 1500 тони, за што се продолжи рокот до крајот на март. Прилепскиот тутунски комбинат од 700 тони презел 60 насто, а купуваат уште пет фирми, вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот.

– Се откупува вишокот тутун. И денеска, а остануваат, до крајниот рок уште три работни дена од понеделник до среда. Со податоците од вчера, се откупени вкупно 26 200 тони тутун. Останува да се купува денеска, и во понеделник, вторник и во среда. Мислиме дека ќе се преземе сиот тутун. Моментално откупуваат: Прилепскиот тутунски комбинат, „Секе“, „Алијанса“ од Кавадарци, „Сокотаб“ од Битола, „Мисиријан“ и „Пашоски“. Немаме прецизни информации колку се откупени од вишокот тутун, но убедени сме дека до среда, 31 март, ќе бидат откупени сите количества, изјави Стомнароски.

Поврзани вести

Старосната граница за жени во пензија ќе биде 62 години, со можност за продолжување на плус 2 години

Отворен граничниот премин Белановце Станчиќ

Влатко Зорба

Спасовски: Инспекциите ќе проверат зошто има поскапувања на некои домашни производи