СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Листата на најбогати Руси има нов лидер

За првпат откако „Форбс“ има листа на најбогати Руси, на првото место се најде Сулејман Керимов, сопственик на компанијата за производство на злато „Полус“.

Пробивот на листата му го овозможи рекордниот скок на цената на златото на пазарот.

„Имотот на семејството на сенаторот од Дагестан, Сулејман Керимов, се проценува на 24,7 милијарди долари и се зголеми за 1,7 милијарди од почетокот на денот“, пишува „Форбс“.

Керимов на листата го престигна Владимир Потанњин од компанијата „Норникеj“, чие богатство се проценува на 24,6 милијарди долари, пренесува „Спутник“.

Поврзани вести

Битиќи: Акцентот на нашата соработка со земјите од регионот не треба да се става на проблемите, туку на решенијата

Влатко Зорба

Нови мерки и 200 милиони евра поддршка за модерно и одржливо земјоделството, најавува Владата

Берта Китинска

Се враќаат летовите Скопје – Атина

Влатко Зорба