СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Снегот предизвика штета на Мадрид од 1,4 милијарди евра

Градоначалникот на Мадрид Хозе Луис Мартинез-Алмеида вели дека снежното невреме што го погоди Мадрид минатиот викенд предизвика штета на шпанската престолнина вредна 1,4 милијарди евра, пренесува Анадолија.

Бројни граѓани на шпанската престолнина обвинија дека властите не биле подготвени за снежните врнежи, а градоначалникот на Алмеида за локалните медиуми изјави дека го разбира гневот на неговите сограѓани бидејќи ситуацијата во која се наоѓаат е доста комплицирана и тие веќе претрпеа многу страдања.

За време на прес-конференцијата, Алмеида објави дека поднел барање од шпанската влада да го прогласи Мадрид за центар на природна катастрофа.

„Се проценува дека снегот предизвикал штета од околу 1,4 милијарди евра за време на невремето. Ќе се најдеме во многу тешка ситуација ако владата не го послуша нашето барање и не прогласи за центар на катастрофа“, додаде Алмеида.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка во средата изјави дека постои можност за усвојување на барањето на градоначалникот на Мадрид, со кое градот ќе биде прогласен за центар на катастрофа.

Поврзани вести

Француски монаси во „локдаун“ со 2,8 тони сирење бараат купувачи преку Интернет

Влатко Зорба

Поради климатските промени 10 намирници се пред исчезнување

Влатко Зорба

Презентиран документот за патување: Брисел откри 3 услови за слободно движење во рамките на ЕУ

Влатко Зорба