СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Животни навики што ве прават подобар претприемач

Претприемачите се стремат кон подобрувања во сите сегменти од животот, особено оние што ќе им помогнат да бидат подобри сопственици на деловни активности. Иако волшебното стапче не постои, познати се неколку техники кои можат да го подобрат лидерството и деловното однесување.

Еве неколку животни совети од thebalance.com кои можат да бидат корисни. Тие се едноставни и може да се воведат постепено, и на крајот можат значително да го променат работењето.

Неколку кратки паузи

Нема сомнение дека паузата во текот на работниот ден може значително да ја зголеми продуктивноста. Иако понекогаш е тешко да не се прескокне паузата за ручек, на долг рок е многу поповолно за умот да се одмори и да се врати по паузата со поголема мотивација и концентрација. Обидете се да направите најмалку три кратки паузи во текот на работниот ден. Тие можат да траат само 10 минути.

Повеќе сон

Спиењето е поважно отколку што им се чини на луѓето. Препорачаните осум часа сон може да изгледаат недостижни за претприемачите, но ако постојано се лишувате од неколку часа секоја вечер или практикувате неуреден и непредвидлив распоред за спиење, може да ги намалите шансите за успех.

Ако спиете пократко, ќе ви биде потешко да се концентрирате, да помните и да решавате проблеми. Не смееме да заборавиме на бројните психолошки проблеми што можат да се појават како резултат на долгорочен недостаток на сон. Направете си услуга на себе и на вашиот тим и ставете го добриот сон на вашата приоритетна листа.

Читање

За придобивките од читањето не е потребно многу објаснување; собирање нови информации и знаења, но и збогатување на вокабуларот и зајакнување на комуникациските вештини.

Поширок спектар на книги носи посилни ефекти, затоа не фокусирајте се само на еден жанр или формат. Опкружете се со различни перспективи и веројатно ќе добиете покреативни идеи.

Повеќе комуникација

Споделете деловни информации со членовите на тимот. Разговарајте и со конкуренцијата и со луѓето во индустријата. Искористете ја секоја можност да разговарате со професионалци за вашето поле на дејствување. Но, разговарајте и со странци на улица.

Колку повеќе комуницирате, толку ќе бидете повешти и идеите што можат да ви помогнат да ги решите проблемите ќе ви паѓаат на ум.

Здрава исхрана

Храната што ја јадете влијае на вашиот ум и тело. Без соодветна исхрана, не можете да функционирате задоволително.

Обидете се да му обезбедите на вашето тело здрави и хранливи оброци. Општо правило е да јадете повеќе овошје и зеленчук и помалку преработена храна.

Барање помош

На вашиот претприемачки пат, сигурно ќе наидете на препреки што ќе сакате сами да ги надминете. Но, без туѓа помош, брзо ќе се исцрпите и ќе бидете премногу под стрес.

Важно е да научите да барате помош однадвор. На пример, можете да делегирате задачи на член на тим, да побарате совет од ментор или дури и да побарате некој од семејството да помогне во „бреин сторминг“.

Намалување на зависноста од технологијата

Веројатно користите компјутер или паметен телефон за секој аспект на работата. И кога ќе се вратите дома, опуштете се со компјутерска игра или гледајте ТВ. Исто така, веројатно ја проверувате вашата е-пошта и говорна пошта преку ноќ.

Повремено оддалечување од технологија, макар и само неколку часа, долгорочно ќе ви се најде. Може да ви помогне да се фокусирате, да го намалите стресот и да ви остави време за поважни работи. Наместо тоа, земете книга и „убијте“ две муви со еден удар.

Некои од овие совети можеби изгледаат помалку корисни, но треба да им дадете шанса на секој од нив. Иако се чини како недостижна цел (како доволен ноќен сон) или непрактично (да се откажеме од технологијата), напредокот во овие клучни области треба да се следи на дневна основа.

Ќе размислувате појасно, ќе работите понапорно и што е најважно, ќе се чувствувате пријатно во вашата улога.

Поврзани вести

Глобалните приходи од туризам оваа година може да пораснат за 50 проценти

Влатко Зорба

Снегот предизвика штета на Мадрид од 1,4 милијарди евра

Влатко Зорба

Ги запознаваме ретките болести: Бекер-мускулна дистрофија (ВИДЕО)

Влатко Зорба