СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Во Сингапур се гради паметен град со 42.000 станови

Во Сингапур се планира да се изградат 42.000 домови во паметен град, што значи дека локалното население ќе исполни многу од своите потреби преку автоматски услуги.

Тоа е држава во која 80 проценти од луѓето живеат во јавни домови, така што владата има големо влијание врз урбаниот развој и неговите последици.

Планот е да се изградат нови 42.000 станови во пет области, поточно еколошкиот град Тенгах, што е малезиски збор за просечност или средна класа. Ова ќе биде 24-та населена област што Владата ја гради од крајот на Втората светска војна.

Системот за климатизација ќе биде централизиран, собирањето смет и отпад ќе се автоматизира, а автомобилите ќе бидат забранети во центарот на градот. Целта е да се придонесе за намалување на емисиите на јаглерод во градот.

Официјалните лица го нарекоа „шумски град“ поради големите зелени површини. Ќе се наоѓа на местото каде порано се наоѓала циглана, а потоа и простор за воена обука. Се шири на 700 хектари.

Дизајнерите посочија дека поголемиот дел од просторот ќе биде наменет за пешаци и велосипедисти. Ова е очекувано со оглед на тоа што во последните години се повеќе се развива велосипедизмот во Сингапур.

Инфраструктурата е дизајнирана и за употреба на електрични и автономни автомобили, така што ќе има поголем број полначи на батерии за возилата.

Посебно внимание се посветува на ладење на внатрешноста на зградата. Имено, во оваа земја со шест милиони жители, емисиите на стакленички гасови се поголеми отколку во Велика Британија, Кина и Малезија. Причината за тоа се климатизерите, кои сочинуваат една третина од вкупната потрошувачка на енергија во домаќинствата. Со глобалното затоплување, овој проблем може да се влоши.

Затоа паметниот град ќе користи поинаква технологија. Ќе се користи оладена вода, а сончевата енергија ќе се искористи за нејзино ладење. Ова исто така ќе ги намали емисиите.

Паметен град значи и дека светлата ќе бидат вклучени само таму каде што некој се наоѓа моментално.

Почетната цена на становите ќе биде 82.000 долари, а првите станови треба да бидат изградени до 2023 година. Тука ќе се најде и највисокиот монтажен облакодер во светот.

Поврзани вести

Чистата аудио комуникација го зголемува IQ

Влатко Зорба

Рестораните во Дубаи нудат попусти на вакцинираните гости

Влатко Зорба

Колку е богат новиот претседател и како Бајден ги заработи своите први пари?

Влатко Зорба