СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Вработените во Германија сакаат да работат помалку

Многу вработени во Германија би сакале да работат помалку, според податоците од студијата на институтот ИФО направена за независната фондација „Бертелсман Штифунг“.

Во моментов, 50 проценти од вработените мажи и 41 процент од жените работат повеќе отколку што би сакале. Мажите работат во просек 41 час неделно и би сакале да работат 37 часа, додека жените работат во просек 32 часа неделно и повеќе би сакале 30 часа. Двете групи би прифатиле намалување на платата, се наведува во соопштението на Институтот.

Сепак, студијата открива и дека 17 проценти од вработените жени и девет проценти од мажите би сакале да работат повеќе.

„На прашањето, на пример, дали мајките повеќе сакаат да го зголемуваат или намалуваат работното време, можностите за згрижување на децата имаат силно влијание“, рече Андреас Пејл, директор на ИФО Центарот за макроекономија и истражување и коавтор на студијата.

Тој додава дека многу жени, ако им се даде подобар баланс помеѓу деловниот и приватниот живот, би сакале да работат подолго.

„Тоа би било рационално решение со оглед на недостатокот на квалификувани работници во Германија“, заклучи Пејл.

Поврзани вести

Загадувањето од фосилни горива убива до 10 милиони луѓе годишно

Влатко Зорба

Реал најмногу заработува од спонзори

Влатко Зорба

Што работел Том Брејди пред да стане најдобриот квотербек во историјата?

Влатко Зорба