СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Сакате да живеете во Монако? Просечната цена за метар квадратен е 47.600 евра

Дали сакате да купите имот во Монако?

Знајте дека тоа ќе ве чини – цената на метар квадратен е повеќе од двојно повисока отколку во Њујорк!

Живописната француска енклава уште еднаш е прогласена за најскап дел на светот кога станува збор за купување недвижнини, пишува „Лукслајф“.

Ова е честа што овој локалитет ја добива секоја година од 2017 година.

Оваа година тие победија доста убедливо – просечната цена на метар квадратен е 47.600 евра, додека Хонг Конг е на второто место со цена од 39.600 евра. Њујорк ја зазеде третата позиција со просечна цена од 22.200 евра.

Бројките ја рефлектираат продажбата минатата година, па затоа треба да знаете дека тие се малку пониски од претходните поради пандемијата на коронавирус. Трансакциите паднаа за 11 проценти во текот на годината, а имотите со цена под 5,8 милиони американски долари беа најактивни.

Што придонесува за високите цени на Монако?

Па, за почеток, медитеранскиот град е многу баран поради даночните бенефиции – недвижностите и приходите не се оданочуваат тука.

Локацијата, исто така, зборува за себе – Монако зазема прекрасно крајбрежје, со изобилство на луксузни одморалишта, додека престижните Гран при на Монако и Monaco Yacht Show се одржуваат тука секоја година.

Просторот е клучен – Монако е помал од Централниот парк во Њујорк, што објаснува зошто е толку тешко да се добие парче земја овде. Околу една третина од населението во Монако се милионери, додека стапката на сиромаштија е нула.

Минатата година Монако доби нешто помалку интерес од глобалните купувачи, пред се поради пандемијата, па претежно локалното население купуваше нови имоти. Ако претходните години се показател за нешто, тешко дека Монако ќе ја изгуби својата позиција поради овој благ пад, пишува порталот.

Поврзани вести

Холивудските филмови со најмала заработка во изминативе 40 години

Влатко Зорба

ЦЕНИ ВО ГРЦИЈА: Вода до 1,7 евра, еве колку чинат ПИВО и ГИРО

СЗО: Стотици илјади работници се жртви на прекувремена работа