СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Еден биткоин ќе вреди колку Ламборџини до крајот на годината?

Долгорочните прогнози за цените на биткоинот, засновани на долари, се погрешни – вели извршниот директор на компанијата „Кракен“, Џеси Пауел. Поради инфлациската природа на фиат парите, тој предлага мерење на вредноста на биткоинот наспроти цените на луксузните автомобили.

– Мислам дека реков дека биткоинот оди до бесконечност и некако е тешко да се разбере, затоа што го мерам во долари – рече Пауел за Блумберг, на прашањето да ја предвиди цената на најпознатата криптовалута на крајот на 2021 година.

Тој понуди алтернативни мерки за проценка на биткоинот, тврдејќи дека неговата вредност може да се зголеми од сегашната „цена“ или една паричка за „Тесла Модел 3“ – на „една паричка за Ламборџини“ до крајот на 2021 година, или „една паричка за Бугати“ до 2023 година.

– Мислам дека е полесно да се измери овој вид имот, бидејќи никогаш не знаете каде ќе биде доларот – забележува извршниот директор на „Кракен“.

Патем, заради споредба, еден биткоин би можел да купи целосно нова Хонда Цивик до крајот на 2020 година.

Извршниот директор на Тесла, Елон Маск, на почетокот на овој месец изјави дека сега е можно да се купат возила на неговата компанија во САД – користејќи ја оваа криптовалута. Тој исто така најави дека луѓето надвор од САД ќе можат да плаќаат на ист начин, но „подоцна“.

Маск не ги прецизираше земјите или точното време кога тоа ќе биде можно. Биткоин повторно започна да скока по веста дека компанијата „Виза“ започна пилот програма за плаќање со дигитални пари. Во овој тренд на раст, тој е проследен со други криптовалути како што се Етереум и ХРП.

Поврзани вести

Биткоинот испраќа одлична недела

Влатко Зорба

Создаде криптовалута на 19-годишна возраст и сега е ВТОРА НАЈВРЕДНА во светот

Ripple се обиделе да постигнат договор со Комисијата за хартии од вредност

Влатко Зорба