СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Американската банка вработува поранешни осуденици

Американската инвестициска банка JPMorgan во Чикаго стартуваше иницијатива за вработување луѓе со криминално минато со цел на поранешните престапници да им даде втора шанса.

Најголемата американска банка според обртот на депозити се здружи со неколку непрофитни организации од Чикаго за да обучуваат и регрутираат кандидати кои веројатно ни на сон не помислувале на работа во банка, сметајќи дека поради своето криминално досие нема да можат да работат во финансиски институции.

Оваа иницијатива, која би можела да се прошири и на други градови, е дел од заложбите на банката JPMorgan да направи нешто во врскa со високата стапка на невработеност меѓу луѓето со криминално досие. Компаниите од други сектори, како на пример, во секторот здравствена заштита, исто така ги отворија вратите за поранешните осуденици, меѓу кои стапката на невработеност е дури 27%.

Поврзани вести

Битиќи на консултативна средба со граѓански организации за секторски политики за конкурентност и иновации

Влатко Зорба

„Визер“ воведе специјални летови Скопје – Букурешт за време на Европското првенство

Берта Китинска

Нов пакет антикризни мерки, таргет најсиромашните и враќање на работа на отпуштените

Берта Китинска