СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Аналитичари очекуваат пад на економската активност во земјава годинава

Наместо раст, аналитичарите очекуваат намалување на економската активност на домашната економија во 2020 година, а потоа постепено закрепнување во следните две години, покажува Анкетата за инфлациските очекувања и очекувањата за движење на реалниот бруто домашен производ спроведена во јуни на Народна банка.

“Анкетираните аналитичари очекуваат реален пад на БДП од 3,2% во 2020 година (надолна ревизија за 4,4 процентни поени), раст од 2,6% во 2021 година (мала нагорна ревизија за 0,2 п.п.), како и забрзување на стапката на раст, односно искачување до 3,1% во 2022 година (мала нагорна ревизија за 0,2 п.п.). Испитаниците ги поврзуваат ваквите очекувања со: неизвесноста од глобалната криза од вирусот ковид-19, неизвесната странска побарувачка и нејзиното влијание врз домашната економија, намалувањето на домашната побарувачка, како и неизвесноста поврзана со парламентарните избори оваа година, којашто би се одразила преку воздржаност на домашните инвеститори и пониска кредитна активност.

Во однос на инфлацијата, просечните очекувања за 2020, 2021 и 2022 година се значително пониски во однос на претходната анкета и упатуваат на просечна стапка од 0,4% во 2020 година, 1,3% во 2021 година, додека инфлација од 1,6% се очекува во 2022 година.

Испитаниците ги наведуваат неизвесноста и надолните ризици од пролонгирањето на кризата предизвикана од корона-вирусот, намалената активност на домашната и глобалната економија, ниската домашна побарувачка, како и пониските увозни цени на енергенсите и храната, како фактори коишто би придонесле за намалување на стапката на инфлација. Во следните две години, испитаниците очекуваат дека постепеното надминување на кризата и закрепнувањето на економијата ќе придонесат соодветно и за забрзување на инфлацијата.

Поврзани вести

Никотинот не е примарниот причинител за болести поврзани со пушењето

Владата одобри финансиска поддршка за инвестициите на 49 компании во вкупен износ од 53,4 милиони евра

Да се намали бројот на закони кои се носат по брза постапка, бараат претседателите на стопанските комори

Влатко Зорба