СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Електронско банкарство: Дигитална трансформација во Македонија

Добиваат ли корисниците од државата услуги како оние од западниот свет, во време кога животот во дигиталната ера го прави чекањето ред на шалтер проблем на минатото. Токму затоа, модерното време бара модерни решенија за предизвиците. Банките забрзано се модернизираат и доживуваат дигитална трансформација, преку воведување на електронско банкарство, без разлика дали станува збор само преку интернет сајт на компјутер или пак преку мобилна апликација, се вели во анализата на Инерком.

Оваа трансформација ќе го намали метежот пред експозитурите, а ќе донесе придобивки при плаќањето кое може да се прави од комфорот на својот дом, било кога и било каде. Немањето кеш средства со себе или пак заборавената картичка дома, ќе биде решено со мобилна апликација која ќе донесе плаќање преку смартфонот.

Институтот за развој на електронски комуникации истражува каква е состојбата со имплементацијата и функционалноста на електронското банкарство и колку македонските банки се адаптирале на новиот тренд.

Истражувањето покажува делумно разочарувачки бројки, па така само 2 од 14 банки имаат мобилна апликација која овозможува безготовинско плаќање преку NFC стандардот, додека пак две помали банки воопшто немаат мобилна апликација.

Поврзани вести

Блокадите поради коронавирусот се неопходни, но треба да бидат привремени

msp-admin

Политичка нестабилност, коронавирус и малку нафта – ризиците во 2021 година

Влатко Зорба

Како лекциите од 2008 година може да спречат финансиски колапс во Европа?

Влатко Зорба