СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска претседаваше со сесија на конференција организирана од Холандската централна банка

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на конференцијата на високо ниво „Влијанието на енергетската транзиција врз нашите економии и финансискиот сектор – предизвици и можности“, што минатата недела ја организира Холандската централна банка, информираат денеска од кабинетот на гувернерката.

На овој настан што се одржа во Амстердам, учествуваа гувернери и заменици на гувернери на централни банки, вклучително и вицегувернерката Емилија Нацевска, како и високи претставници на меѓународни финансиски институции и професори на реномирани истражувачки и универзитетски центри од Европа.

-Во рамки на конференцијата се одржаа три тематски сесии од кои една беше посветена на енергетската транзиција, којашто е неопходна заради справување со глобалните климатски промени, и ефектите од транзицијата врз реалната економија, а преку тоа и врз финансискиот систем. Во овој контекст се разговараше за предизвиците со кои можат да се соочат централните банки од аспект на одржувањето на финансиската стабилност и спроведувањето на монетарната политика, како и за активностите коишто централните банки би можеле да ги преземат заради поддршка на овој процес. Притоа беше разгледана и потребата за одржливи извори на финансирање на енергетската транзиција и улогата на меѓународните финансиски институции и институционалните инвеститори во овој сегмент. Со оваа сесија претседаваше гувернерката Ангеловска-Бежоска, а учесници беа и глобалниот директор на Светската банка за макроекономија, трговија и инвестиции, Марчело Естевао и Елој Линдејер, претставник на ПГГМ – организација којашто управува со повеќе пензиски фондови со портфолио од околу 252 милијарди евра, се вели во соопштението од Народната банка.

Поканата упатена до гувернерката Ангеловска-Бежоска да претседава со оваа сесија на значајната конференција во Амстердам, велат од Народната банка, е уште една потврда на успешното етаблирање на оваа институција во централнобанкарската заедница.

Гувернерката го искористила своето учество на конференцијата организирана од Холандската централна банка и за да оствари повеќе средби со колеги од Европа, во кои акцентот беше ставен на продлабочување на соработката, како и на повеќе актуелни прашања за европската економија.

Поврзани вести

Државата е подготвена за забрзување на сите постапки за да се реализираат инвестиците на градежниците, вели Бочвраски

Берта Китинска

Ќе се загубат од 2.000 до 20.000 работни места – туризмот две сценарија за последиците од кризата

НБ бележи намалување на кредитите и депозитите во јануари

Влатко Зорба