СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: До 25 јули издадени над 300.000 домашни платежни картички

Министерката за финансии Нина Ангеловска на Фејсбук објави дека заклучно со 25 јули се издадени над 300.000 домашни платежни картички.

– Сите приговори се обработени. Од 46.000 приговори – 9.200 се прифатени, од кои – 5.800 млади лица од 16 до 29 години, 700 невработени лица со низок доход и околу 2.700 вработени лица со низок доход. Картичките и за овие граѓани се испечатени и се издаваат, наведува Ангеловска во објавата.

Таа потенцира дека да се осмисли, дизајнира и имплементира една мерка како домашна платежна картичка било навистина голем предизвик.

– Прва мерка со нов начин на имплементација – без бирократија, без шалтери и аплицирање. Координација со голем број на вклучени државни институции + банки. Исклучително краток период. Оптимално дизајнирање за да даде максимални ефекти со фокус на македонските производи и услуги, додава Ангеловска.

Министерката за финансии потенцира дека покрај главната цел на мерката – да се амротизира ударот врз економијата преку стимулирање на приватната потрошувачка, картичката дава и други значајни ефекти на патот кон современо опшество.

– Помош на граѓаните кои преку поголемата потрошувачка на македонски производи и услуги го помагаат стопанството и економијата. Кревање на свеста за домашното. Зголемување на безготовинските плаќања кои се директно поврзани со неформалната економија. Промена на навиките. Подобрување на квалитетот на дата-базите на институциите. Се работи за многу обемна мерка, која од нејзино конципирање до реализација се спроведе во навистина многу краток рок – односно од носењето на уредбата до издавањето на првата картичка поминаа само 2 недели, нагласува министерката Ангеловска во објавата на Фејсбук.

Поврзани вести

На домашниот пазар се повисоки продажните цени на индустриските производи

Ангела Веселиновска

САД влегоа во рецесија во февруари по 128 месеци експанзија

Stefanija Kuzmanovska

Прометот во вкупната трговија во четвртото тримесечје бележи пад од 24,3% на годишна основа

Влатко Зорба