СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Средба Заев – Азески: Предлозите на бизнис заедницата ќе се вметнат во партиската изборна програма

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево одржува средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Сака да ги слушне, како што рече пред средбата, предлозите на бизнис заедницата, а потоа и да ги вметне во партиската економска изборна програма која ќе биде претставена пред граѓаните.

Заев нагласи дека дијалогот со компаниите продолжува. Тие му порачаа дека од идната власт очекуваат донесување национална развојна програма за 2020 – 2030 година во кој ќе бидат конципирани сите нивни барања, како и растовареност од нови обврски се до членството на земјава во ЕУ.

-Ние сме во подготовка на нашата изборна програма која се надевам, ќе стане владина. Дојден сум денеска за да ги продолжиме разговорите што отсекогаш сме ги имале на основа на соработка и партнерство, но пред се сме тука да слушнеме од Стопанската комора тоа што ни е потребно, па дури и да замолиме за одредени писмени материјали и сугестии. Имаме уште многу да учиме. Свесни сме дека не сме ниту најпаметни, ниту најупатени, а сакаме, низ инклузивен процес да создадеме современа, модерна, дигитална економија и да ги вградиме сите важни, добри искуства на бизнисот кои би можеле да бидат наша водилка во наредниот четиригодишен период, потенцира Заев.

Азески рече дека Комората е подготвена за дијалог.

-Претседателот на СДСМ е во секоја прилика присутен кај нас, и за време на извршувањето на функцијата премиер и сега, во предизборието, при конципирањето на програмата. Ние сме секогаш подготвени за дијалог. Управниот одбор ги утврди ставовите на Комората – што ќе бараме од политичите партии кога ќе дојдат тука на консулатации. Она што ќе му го соопштиме на средбата ќе биде во два дела. Првиот е дека очекуваме донесување национална развојна програма за 2020 – 2030 година во кој ќе бидат конципирани сите барања на бизнисот, а вториот, дека сакаме да видиме ситуација во која приближувањето кон ЕУ нема да носи нови обврски за компаниите додека не станеме членки, напомена Азески.

Заев е дојден во Стопанската комора со своите соработници и претседатели на партиските комисии за финансии и енергетика.

Поврзани вести

Прогресивно оданочување на имотот: Оние кои нема да пријават ќе платат петпати повисок данок

Берта Китинска

Старт-ап компаниите предизвикани од FIA и мобилити клубовите

Влатко Зорба

„Гересхајмер” во пресрет на утрешното отворањето на фабриката најавуваат нов инвестициски циклус – најголем досега во земјава

Влатко Зорба