СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи: 700 илјади граѓани добија пари како помош од државата

До сега 700 илјади граѓани добија пари на различен начин како помош од државата. Сега во петиот пакет мерки имаме бришење на камати од стари долгови што ќе им помогне на најзагрозените кои се во сиромаштија, а овие долгови им го отежнуваат животот. Зборуваме за системско решевање, изјави денеска Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, за „Утрински брифинг“.

Вели дека е направен „квантен скок“ и ја зголемиле помошта кон ранливите категории за 300 отсто, што и понатаму не е доволно.

„Истото со минималната плата го направивме. Сакам да кажам, ни треба уште малку време за да почнеме да ја менуваме целосно сликата во економијата“, посочува Битиќи.

Повтори дека неделава ќе се завршат консултациите и ќе се објават мерките од петиот пакет.

– Мислам дека како ниедна влада претходно се обидуваме сите да ги вклучиме во преговорите за иднината на економијата, вели Вицепремиерот

Поврзани вести

Колкав е извозот на македонски јајца во светот?

Stefanija Kuzmanovska

Лукаревска: 10,7% од работодавачите не исплатиле плата за февруари

Влатко Зорба

Преку 200 милиони евра инвестиции во патната инфраструктура оваа година

Влатко Зорба