СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заев: Имаме желба и не е невозможно да постигнеме економски раст од осум, па и десет отсто

Имаме желба и не е невозможно да постигнеме економски раст од осум, па и десет отсто. Минатата, 2019 година ќе ја заокружиме со раст од 3,6 отсто и тоа е добро, но не е доволно, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред денешната средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Земјите од Вишеградката група кога стануваа членки на НАТО и кога ги отвораа поглавјата за членство во ЕУ имаа раст од пет, шест, седум, па и осум отсто, а некои достигнуваа раст и до 10 или 12 процента. Тоа, нагласи, треба да ни биде доволна мотивација да работиме многу за  бројките да бидат многу поголеми од сегашните.

Според Заев, една од прините зошто земјата е насочена кон реализирање на евроинтеграциските цели и НАТО, е економскиот стандард, зголемувањето на БДП, отворањето нови работни места и раст на платите.

– Први јуни 2017 година кога станав премиер, имавме негативен раст од -1,8 отсто, а третото тримесечие од 2019 беше заокружено со 3,6 проценти раст што значи и во првото и во второто и во третото имаме просек од 3,6 проценти раст. За четвртото ќе го чекаме податокот во почетокот на март, но генерално, 2019 година ќе биде со 3,6 отсто раст. И тоа е добро, но не е доволно, напомена Заев.

Ако политичарите знаат доволно да ги слушаат стопанственциите, практичарите, синдикатите и ако бидат доволно мудри да ги искористат искуствата на пријателските земји, возможно е, подвлече Заев, да се достигнат високи бројки на раст.

Поврзани вести

Apple казнет со 10 млн. евра, бидејќи нивните телефони не биле водоотпорни

Берта Китинска

Танасоски: Зелени коридори ќе обезбедат 24 часовна работа на гранични премини

Берта Китинска

Собранието ќе расправа по дополнетиот Предлог-буџет за 2020 година

msp-admin