СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Камчев и Панделески со своја фирма од Бугарија за 24 милиони евра си ја купуваат „Пелагонија енерџи“

Орце Камчев, односно Орка холдинг, и Цветан Панделески од Пелистерка, со заедничка фирма од Бугарија ја купуваат Пелагонија Енерџи, која е во сопственост на ЗК Пелагонија.

Како што објави Македонска берза, одлуката треба да се усвои на акционерското собрание на ЗК „Пелагонија“ закажано за 20 февруари, а понудената цена е 23,5 милиони евра.

Инаку, Пелагонија Енерџи произведува електрична енергија од органскиот отпад што го произведува комбинатот Пелагонија.

Во комбинатот, Орка холдинг и Панделески имаат по 20 проценти од акциите и поради тоа нема да учествуваат во гласањето на предвиденото акционерско собрание, бидејќи двајцата ја поседуваат бугарската фирма Тиор, која сака да го откупи енергетскиот производител.

Најголемиот процент од над 22 проценти во Пелагонија има компанијата „Софија градба“ во чија сопственост, пак, влегува синот на Сашо Мијалков преку Бест веј инвест.

Поврзани вести

Бектеши: Најголеми средства издвоивме за најпогодениот туристички-угосителскиот сектор

Влатко Зорба

Оштетени штедачи: Еднаш бевме покрадени од организираната кражба на нашите депозити, сега повторно сме покрадени во стечајната постапка

Влатко Зорба

КХВ трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент

Влатко Зорба