СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Фер и уставна одлуката на Владата за Колективен договор

Владината одлука за склучување Колективен договор со државната администрација која предвидува и исплата на К-15, за министерката за финансии Нина Ангеловска е уставно и фер и недискиминирачки сите вработени да го примаат, бидејќи веќе во приватниот сектор се исплаќа.

-Таква одлука на седница на Владата помина. Ќе бидат опфатат 20.000 вработени, а  фискалните ефекти ќе бидат околу 200.000 милиони денари. Уставно, фер и недискриминарчки е сите вработени во нашата земја да го имаат ова право, бидејќи во приватниот сектор веќе се исплаќа, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска одговорајќи на новинарско прашање.

Таа додаде дека фискалните ефекти за оваа одлука се околу 200 милиони денари и дека буџетските корисници ќе треба да ги обебзедат овие средства за да можат да вршат исплата.

Повеќе детали за Колективниот договор упати дека треба да каже министерот за информатичко општество кој ќе биде потписник.

На вчерашната владина седница помина Колективниот договор за државната администрација, во кој меѓу другото е предвидена исплата на К-15.

 

 

Поврзани вести

ДПИ во изминатите три дена изврши вкупно 1.366 контроли за почитување на здравствените протоколи

Берта Китинска

Милевски: Треба да се ограничи бројот на вработени во општинските администрации врз основа на бројот на жители

msp-admin

Владата усвои информација за можни субвенции при купување нови возила

msp-admin