СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Утрово се исплатени 27.8 милиони евра кон банките, започнува издавањето на домашните платежни картички

Утрово се исплатени 27.8 милиони евра кон 9те банки издавачи на картичката и од денес започнува издавањето на домашните платежни картички на граѓаните, соопшти на својот Фејсбук профил министерката за финансии Нина Ангеловска.

Најдоцна до 18ти јули ќе бидат издадени 325.000 картички со финансиска поддршка – средства кои преку граѓаните ќе се влеат кај погодените сектори за купување на домашни производи и услуги.

-На https://kupuvamdomasno.gov.mk со впишување на матичиот број секој граѓанин кој спаѓа во дефинираните може да провери која банка издавач ќе му ја издаде картичката и да се информира кога и каде ќе ја добие својата картичка.

Секоја банка креираше своја посебна страна за информирање на граѓаните за распоредот – кога и каде ќе им биде издадена картичката https://kupuvamdomasno.gov.mk/mk/banks

Проектот наречен Домашна платежна картичка – Купувам домашно го подготвувавме со многу голема посветеност, енергија и пасија. Се размислуваше на сите аспекти при неготово димензионирање

– како да е наједноставно за граѓаните
– како средствата да го дадат очекуваниот ефект врз економијата
– како истите да се насочат кон погодените сектори

Се мислеше и на резултатите кои ќе произлезат – промена на навиките, безготовинско општество, современо општество во какво што сакаме да живемее сите.Во овој обемен прокет беа вклучени и придонес дадоа бројни институции – дел при креирање на листите (УЈП, МТСП, АВРМ и ФЗОМ), а дел при целосното оперативно решение – Министерство за финансии, Генерален Секретаријат, НБРМ, Македонска Банкарска асоцијација, банките… кои работеа долги часови, за време на празниците и викендите со цел непречна реализација што поскро.

Се надевам дека овој проект покрај поддршка за граѓаните, за економијата, за погодените сектори.. Ќе ја разбуди и свеста кај секој еден од нас за купување на домашни производи и за плаќање без готовина. Со купување на домашни производи и услуги придонесуваме да се зачува работното место на вработените во производствените погони, на угостителите, занаетчиите… блиски, познаници, луѓе кои не ги знаете, но во овој момент потребна им е поддршката да ги надминат последиците од Covid-19 кризата, напиша Ангеловска

Поврзани вести

СКСЗМ: Уредбата за носење заштита на лицето е неприфатлива за деловната заедница

Берта Китинска

Арсовска – Заев: Политичкиот клиентелизам треба да се замени со меритократија

Влатко Зорба

Овозможена работата на фабриките и за време на полицискиот час во сабота и недела, работниците со посебни дозволи