СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Анѓушев: Новата еврообврзница е за враќање на стари задолжувања, но по пониски камати

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев не очекува опструкции од опозицијата во идната техничка влада во врска со издавањето на нова еврообврзница којашто,  како што вели, има за цел пред се, враќање на стари задолжувања, но по пониски камати.

-Очекувам дека сите чинители на општественото и политичкото живеење во нашата држава ќе знаат да го препознаат интересот на граѓаните и тоа што е интерес на државата, а не теснопартиски интерес. Во таа смисла не очекувам никакви опструкции со оглед на тоа дека сите задолжувања што се прават во државата воглавно за раздолжување на стари обврски кои што се по повисоки камати, сега се нови задолжувања со пониски камати. Ако некој тоа го третира како лошо и прави опструкција на тоа, тој ќе прави опструкција на целата држава и на граѓаните на нашата држава, рече Анѓушев на новинарско прашање по потпишувањето на нов договор за странска инвестиција со компанијата „Скејл Фокус“.

Поврзани вести

СКСЗМ: Уредбата за носење заштита на лицето е неприфатлива за деловната заедница

Берта Китинска

Загрозени 29.000 вработени во угостителството, бараат помош од државата

Владата ја усвои информација за потребата од дополнителни средства за проектот за поврзување на локални патишта