СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Се појавија целосните карактеристики на Samsung Galaxy Note10 Lite

Откако неодамна се појавија целосните детали за идниот Galaxy S10 Lite, германската страница WinFuture сега ги сподели карактеристиките на уште еден очекуван модел, Galaxy Note10 Lite, а двата уреди веројатно ќе бидат објавени во јануари.

Новиот модел Note10 може да понуди 6,7-инчен Super AMOLED дисплеј, резолуција од 2400х1080 пиксели, скенер за ултразвук и отвор за 32MP камера. Другите клучни карактеристики веројатно ќе вклучуваат Exynos 9810, 6 GB RAM меморија, 128 GB меморија за фајлови и батерија со капацитет од 4500 mAh со технологија за брзо полнење при 25W.

Главната камера ќе биде тројна и ќе вклучува сензор од 12 МP со f / 1,7 бленда, 12MP со ултра широкоаголна леќа, и бленда f / 2.2 и 12MP со телефото леќа и f / 2.4. Смартфонот треба да поддржи S Pen, но без поддршка за гестикулации, што ни е познато од Galaxy Note10.

Во однос на софтверот, уредот се очекува да дебитира со Android 10 со One UI 2.0, а неговата цена во Германија е околу 609 евра.

Поврзани вести

Samsung наскоро може да претстави сензор од 200MP

Влатко Зорба

HarmonyOS официјално пристигнува во април, Huawei Mate X2 го добива прв

Влатко Зорба

Автопилот: Што „гледа“ возилото на „Тесла“ (ВИДЕО)

Влатко Зорба