Сајтот „Balkan Green Energy News“ објави текст за јавниот повик за изградба на две фотоволтаични електрани на просторот на поранешниот рудник за јаглен во Осломеј по пат на јавно-приватно партнерство.
Повикот трае до 8 мај, а инвеститорот ќе ги издвои сите 80 милиони евра. Електраните во Северна Македонија се назначени како јавен партнер за Осломеј, каде што соларната електрана треба да се изгради во две целини.
Северна Македонија бара партнер за рударско и енергетскиот сектор – РЕК Осломеј, каде планира да црпи соларна енергија во две еднакви единици од вкупно 100 мегавати.
Премиерот Оливер Спасовски потсети дека земјава лани беше прогласена за лидер во енергетиката во регионот и додаде дека имаат намера на таа позиција да остане и во иднина.
-Приоритетните мерки што ќе бидат преземни во енергетиката ќе се фокусираат на ОИЕ. Нашата голема цел е да ја направиме нашата држава една од оние европски земји кои ги прифатија сите предизвици на енергетската транзиција и од доминантно застапени фосилини енергенси да се трансформиравме во земја во која во значителна мерка ќе преовладуваат енергетски капацитети кои ќе користат сонце, ветер и вода, рече Спасовски.
Тој како најзначаен придонес во таа насока го оцени распишувањето на јавниот оглас за изградба на 100 мегаватна фотонапонска електрана во Осломеј и потсети на веќе потпишаните договори за изградба на фотоволтаици.
-Нашата земја е зeмја на Сонцето. Со заедничка работа сончевата енергија ќе ја направиме да биде еден од генераторите на економскиот раст, порача Спасовски.
Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека изградбата на енргетски капацитети од ОИЕ, односно инвестирањето во зелена енергија е една од главните цели на земјава.
-Реформата во енергетскиот сектор беше еден од приоритетите уште по формирањето на новата влада. Во таа насока беше донесен и Законот за енергетика преку кој се олеснува инвестирањето во ОИЕ, рече Бектеши и додаде дека главен фокус во Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година е декарбонизацијата на енергетскиот сектор и промовирање на ОИЕ на начин кој обезбедува одржлив развој.