СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бесими: Со ребалансот на буџетот ќе се обезбедат 70 милиони евра за финансиска поддршка за исплата на плати

Со ребалансот на буџетот ќе се обезбедат 70 милиони евра за финансиска поддршка за исплата на плати на вработените за фирмите кои бележат пад на приходите како резултат на кризата и тоа надоместок во интервалот од 14,500 до 21,776 денари, согласно падот на приходите на фирмите. По усвојување на ребалансот фирмите ќе можат да аплицираат за мерката, рече министерот за финанси Фатмир Бесими на вечерашното гостување на Топ Тема.

Штом помине ребалансот, средствата ќе бидат обезбедени и тогаш ќе може да се спроведе постапката, затоа што официјално со закон без да ги имаш обезбедено средствата не можеш да објавиш оглас за било што, било тоа да се работи за јавна набавка, било да се работи за субвенции во конкретниот случај или трансфер – рече министерот за финанси.

Тој посочи дека оваа мерка ќе функционира во следните три месеци и ќе биде насочена кон внесување на ликвидноста во стопанството и кон зачувување на работните места.

Во претходниот период со оваа мерка беа поддржани во просек 19.322 фирми и 116 илјади работни места.  

Поврзани вести

Работиме со сите сили да ја трансформираме С. Македонија во нов регионален центар на иновации, рече премиерот

Влатко Зорба

Во што е паметно да се инвестира во време на криза?

Stefanija Kuzmanovska

Македонија е 63-та во светот по извоз на видео игри

Влатко Зорба