Во емисијата Топ Тема гостуваше Фатмир Битиќи, советник за економија на премиерот, кој рече дека очекувано вториот квартал е најпогоден од здравствената криза и потребни се брзи избори кои се во интерес на граѓаните.
-Добра вест е што лидерите на партиите да се усогласат дека здравјето на граѓаните е пред се и треба да се случат кога стручните лица ќе кажат дека е најдобриот момент за изборите се случат и сметам дека така треба да се постапува кога е во интерес на граѓаните.
Прашањето дали кога ќе се одржат изборите ќе влијаат на стопанството, ние секогаш сме кажувале дека сите изборни циклуси во Македонија имаат и те како влијание врз стопанството. Ние се наоѓаме по првпат во поновата историја на Македонија да имаме избори или да бараме избори кога има една здравствена криза. Не ни се случило такво нешто, ваква криза во ваков распон, не само нас како држава туку и на глобално ниво и секако ние и сега ги согледуваме негативните влијанија на кризата врз стопанството и во анализите и разговорите што ги имаме и внатре во влада но и поширокиот круг во економски совет, сметаме дека сега не е битно дали ќе одлучиме да има избори во јуни, јули во септември или ноември, туку кога најмалку ќе има негативно влијание тоа што ќе се случува.
Ние сме свесни дека вториот квартал е најпогодениот квартал од здравствената криза од аспект и на економијата и дека вториот квартал ќе биде оној исцрпувачкиот, а веќе сите прогнози и наши и она што го добиваме секојдневно како податок од приходната страна од однесувањето од позитивните сигнали на олабавување на економијата и на отварање и враќањето во живот укажуваат дека третиот квартал ќе биде квартал на заживување, четвртиот веќе позитивни сигнали дури следната година. И сега изборот е дали кога ќе почне да тргне економијата напред вие ќе удрите и тогаш ќе сакате одредена пречка а тоа се изборите.
Или кога веќе се соочувате со ова сакате да дадете еден пуш да им овозможите на легитимно избраните да немаат технички пречки да се соочуват со секојдневни проблеми без елементарните работи кои што треба да постојат во една демократија а тоа е моделот на чек енд баланс. Ние сме со една техничка влада, сите политички чинители учествуваат но гледаме дека во суштина сеуште имаме одвоеност и несогласување како се води државата без разлика што имаме една влада со сите чинители. Го немаме коректорот, а тоа е собранието кое што би требало да биде таму за да каже дали ова што се случува е така како што би требало.
И затоа кога имате нефункционални органи сметате дека треба да обезбедите граѓаните да се свртат кон тоа што нив им е потребно, а тоа е да се грижат за своето здравје, да се грижат за економијата и секако државата да го прави тоа што навистина знае најдобро да го прави, а тоа е и таа да се грижи за здравјето на граѓаните и за напредокот и развојот на оваа земја онолку колку што условите дозволуваат.
Битиќи истакна дека Владата во целиот сет на мерки, од првиот сет, вториот и сега третиот сет на мерки се водеше од одредени глобални анализи, а здравството покажа дека знае да се грижи за своите граѓани.
-Владата во целиот сет на мерки, од првиот сет, вториот и сега третиот сет на мерки се водеше од одредени глобални анализи, во сите глобални истражувања кои што правеа истражувања околу здравствената криза. Укажуваше дека секоја Влада во нивната национална политика треба да се грижи да обезбеди стабилен здравствен систем затоа што здравството мора да покаже дека знае и умее да се грижи за своите граѓани. Ние укажавме дека нема цена која што ќе ја платиме а притоа тие што највише ни требаат а тоа се лекарите да имаат достоинствен живот, замислете да не донесевме одлука минатата година да им ги покачиме платите на сите здравствени работници оваа година, како они ќе се чуствуваа.“
„Ние соодветно ќе им се заблагодариме на тие што највише се заложија во одговор на кризата и се грижеа секојдневно без да воопшто мислат за својот живот туку се грижат за секој еден граѓанин и мислам дека како соодветна Влада значи Влада која што е достоинствена и која што верува во своите граѓани соодветно ќе се заблагодари, а како тоа ќе биде за некој ден ќе слушнеме.“