Изградбата на магистралниот гасовод Куманово- Штип- Прилеп-Битола е со 90 процентна реализација, а гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар има над 60 процентна реализација, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Тој очекува двата крака да бидат готови следната година.
– Веќе подготвуваме и краци за поврзување на Свети Николе и Велес и уште еден крак за поврзување на Струмица која ќе се поврзе преку Бугарија, изјави Бочварски при денешната посета на Штип.
Информира дека се прават преговори со Грција за крак оттаму со што заедно со кракот од Бугарија ќе има два крака преку кои ќе се напојува државата со овој природен енергенс.
Во тек е и постапка во Министерството за економија за избор на концесионер кој би ги гасифицирал градовите во државата.
Конкретно, општина Штип веќе има идеен проект и се привршуваат основниот и инфраструктурниот проект.