14.8 C
Скопје
21 септември, 2026
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 53.4 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 10 005 илјади во четвртото тримесечје од 2020 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 51.9 %.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 53.4 %, во приградскиот превоз за 48.5 %, во меѓуградскиот превоз за 54.8 %, а во меѓународниот превоз за 78.6 %.

Во четвртото тримесечје од 2020 година, во однос на истиот период од 2019 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 75.0 %.

Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 86.9 %, во приградскиот превоз за 78.6 %, во меѓуградскиот превоз за 65.6 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 70.0 %.

Поврзани вести

Бектеши: Бескаматни кредити и поддршка за исплата на платите за компаниите во петтиот пакет мерки

Влатко Зорба

Поскапа и од Инстаграм: Апликација за пораки купена за 27,7 милијарди долари (ВИДЕО)

Никола Поповски

Поскапуваат горивата

Влатко Зорба